Жител на Сингапур осуден е на три години затвор бидејќи во 1987 година ја лажирал својата смрт за да ја уновчи полисата за животно осигурување од речиси 250 000 американски долари.
Гандарубан Субраманиам побегнал од Сингапур пред повеќе од 20 години настојувајќи да се тргне од луѓето кои му позајмиле пари за рент-а-кар компанијата која пропаднала.
Тој најпрвин отишол во Лондон каде што работел како чистач на улици, а подоцна отишол на Шри Ланка каде набавил потврда дека е убиен во борба на војска со Тамилски тигри. Потврдата ја испратил на семејството за да можат да ја уновчат полисата за осигурување.
Меѓутоа тој се враќал во Сингапур неколку пати со помош на фалсификуван пасош, а во 1994 година повторно се оженил со својата сопруга на Шри Ланка, каде што им се родило четвртото дете. Во меѓувреме се развел од сопругата.
Неговата измама ја открил еден адвокат од Сингапур и во 2007 е уапсен на аеродромот Чанги.