Холивудскиот актер Алек Болдвин уапсен е во Њујорк, јавуваат американските електронски медиуми, кои пренеле и фотографија од ѕвездата додека полицајците го сместувале во автомобил. Болдвин на фотографијата има лисици околу рацете, а сето тоа бидејќи возел велосипед во спротивна насока и немал никаков документ во себе.
Првите информации околу апсењето сеуште се нејасни, па така еден очевидец изјавил дека Алек Болдвин бил мирен и тивок додека го врзувале и сместувале во автомобилот, додека друг рекол дека 56-годишниот актер полудел и викал на полициајците.