На извлекувањето во Нион, репрезентацијата на Македонија беше сместена во четвртиот барабан заедно со БиХ, Полска, Грузија, Исланд, Молдавија, Р. Ирска, Бугарија, Кипар и Летонија. Од првата рејтинг група ја добивме селекцијата на Израел, Португалија беше сместена во вториот барабан, Норвешка во третиот и Азербејџан во последниот барабан.
Квалификацискиот циклус почнува на 22 март годинава. Победниците од десетте групи и четирите најдобро второпласирани селекции од сите групи ќе разигруваат во бараж-натпревари за седум места. Победниците од тие средби и домаќинот Чешка ќе се најдат на завршницата во јуни 2015 година.