Во квалификациите за Европското првенство македонските фудбалски надежи до 21 година ја забележаа првата победа. На домашен терен избраниците на селекторот Бобан Бабунски минимално со 1-0 ја совладаа репрезентацијата на Азербеџан.
Во текот на целиот меч „младинците“ беа подобар противник, а тоа го капитализираа во 69-та минута преку нововлезниот Дарко Велкоски, кој ја погоди целта.
По три натпревари Македонија има скор од четири бодови и сериозно се в меша во борбата за место кое води на ЕП.
Фото : „Екипа.мк“
Мх.П.