Селекцијата на Србија не остави ништо на случајност и по 11 минути игра поведе со голот на Мудрински. Во 39-та минута “орлите“ зголемија на 2-0, стрелец на голот беше Милуновиќ. Точка на сите надежи за фудбалерите до 21 година на Македонија, стави Јојиќ со двата погодоци во низа. Почесниот погодок за “црвено жолтите“ го постигна Самир Фазли, а “петардата“ во македонската мрежа ја комплетираше Малбаќиќ.
Избраниците на Бабунски циклусот квалификации за ЕП во Израел го завршија на третата позиција со три победи, два порази и три нерешени средби.