Селекцијата на Македонија до 21 години со празни раце се враќа од гостувањето во Шпанија откако претрпе пораз 3-0 (1-0) од истоимената репрезентација во квалификациите за пласман на Европското првенство следната година.
Шпанската селекција со погодок во македонската мрежа ги крунисаа почетниот притисок и доминација на теренот. Избраниците на селекторот Благоја Милевски креираа прилики но недостасуваше реализација за изедначување на резултатот до крајот на првиот дел.
На стартот од второто полувреме, шпанците го зголемија водството на 2-0 и го решија победникот. Во финишот, домаќините со уште еден погодок го заверија триумфот и го нанесоа првиот пораз на Македонија во квалификациите.
Селекцијата до 21 година следниот меч го игра на гостински терен кај репрезентацијата на Фарски Острови.
OhridNews