Македонските фудбалски надежи на „Филип Втори“ со 2-1 ја совладаа селекцијата на Романија во контролниот натпревар.


Најзаслужен за головите кои донесоа триумф за фудбалерите до 21 година беше членот на Барселона, Давид Бабунски.


Тој прво ја начна мрежата на романците од слободен удар, а потоа по соло продорот асистираше до Барди за втор погодок и конечна победа.


Ова воедно беше деби на клупата на македонска млада селекција за новиот селектор Боби Милевски, кој почна повеќе од успешно.

 Фото : Екипа.мк
Мх.П.