Македонската У21 фудбалска репрезентација ја совлада Северна Ирска минимално со 1-0 и ја продолжи серијата позитивни резултати.
По бледото прво полувреме избраниците на Бабунски до триумфот стигнаа со подобрата игра во вториот дел кога успеаа да го скршат противничкиот отпор. Не еден, тука два пенала им требаа на “црвено-жолтите“ за да ја затресат противничката мрежа.
Во 55 минута Несторовски не реализираше најстрога казно откако неговиот удар заврши покрај голот. И покрај промашената можност, македонските фудбалери на застанаа. Селекторот Бабунски, му даде шанса на неговиот син Давид Бабунски кој ја размрда играта на нашата селекција.
Токму по додавањето на Бабунски, во казнетиот простор соборен беше Хасани, а за судијата од Грузија тоа беше повторно најстрога казна. По неколку минутното натегање кој да бие, Урдинов ја презеде одговорноста и доста среќно топката под телото на Девлин заврши во мрежата.
Во финишот на мечот гостите останаа со играч помлаце по исклучувањето на Фергусона, а во судиското надополнување имаа одлична можност за изедначување, но ударот на Меклур заврши за малку покрај голот на Гачевски.
По овој триумф Македонија се изедначи по бројот на бодови со второпласираната селекција на Данска. Во наредната рунда во јуни Македонија им гостува на Фарски Острови.
М.П.
© Ohridnews.com. All rights reserved.
The content of this article, should not be printed, copied or published in any way, without permission by Ohridnews.com