Со голот на Кире Маркоски националната селекција до 21 година со минимални 1-0 ја совлада Шкотска и се искачи на втората позиција на табелата во третата група.
Охриѓанецот одлувачкиот погодок на мечот го постигна во 17-та минута, а победата добива (по)голема тежина бидејќи македонските надежи од 69-та минута играа со фудбалер помалку.
Четвртиот триумф во осмиот натпревар ги изедначи „црвено жолтите“ на врвот во групата, но Исланд има меч помалку и подобра гол разлика.
До финална разврска во групата преостануваат уште три натпревари, а Македонија влегува од втората позиција која води во бараж мечевите за пласман на ЕП.
Мх.П.