Охрид ќе биде базата на македонската фудбалска репрезентација до 21г. која  во наредните неколку дена под водство на селекторот Бобан Бабунски  ќе се подготвува за пријателскиот меч со Албанија во Елбасан на 12 октомври.


Експедицијата ќе остане во Охрид до недела и ќе тренира два пати дневно на терените на „Билјанини извори” (терен на ФФМ). Репрезентативците за Елбасан заминуват в недела на 10. Октомври во претпладневните часови, каде се планирани два тренинга.

ohridnews