Фудбалските репрезентативци на Македонија до 21 година запишаа нова победа во квалификациската група за пласман на Европското првенство во Полска победувајќи ја Северна Ирска со 2-0 во Скопје.
Избраниците на селекторот Боби Милески со овој триумф се искачија на првата позиција во групата и на два меча од крајот на квалификациите се наоѓаат на чекор од пласман директен или пак во бараж двомечот за влез на ЕП.
„Црвено жолтите“ со помош на противничкиот фудбалер Џош Доерти кој си ја затресе сопствената поведоа со 1-0 во 35-та минута. Овој резултат беше активен до 85-та минута кога охриѓанецот Кире Маркоски ја запечати победата.
Со овој погодок Маркоски го продолжи голгетерскиот низ кој го започна на мечот со Шкотска кој Македонија го доби со минимални 1-0.
Фото:Екипа.мк
OhridNews