Македонската репрезентација до 21 година со триумф над Србија ќе обезбеди бараж средба за ЕП во 2013 година. Лидерот во групата Данска ќе има лесна задача против Северна Ирска во последната рунда од групата.


Во последното коло избраниците на Бабунски стартуваат со 12 бодови додека српските надежи имаат 15. Се освен победа ќе значи крај на сите надежи за пласман на ЕП.

Натпреварот на Македонија против Србија започнува во 19 часот.

Мх.П.