Селекторот на репрезентацијата, Бобан Бабунски за пријателскиот натпревар повика 18 фудбалери, од кои осум интернационалци, а останатите доаѓаат од македонскиот шампионат.
Контролната средба со надежите од Албанија ќе биде една од последните пред стартот на квалификациите за ЕП во Израел, 2015 година. Македонија во групата 8 е сместена со Израел, Португалија, Норвешка и Азербеџан.