Македонската фудбалска репрезентација до 21 година ја забележа првата победа во квалификацискиот циклус за ЕП. “Црвено жолтите“ со минимални 1-0 ја совладаа соодветната селекција на Фарски Острови. Погодокот вреден три бода го постигна Самир Фазли во финишот на првиот дел.
Да биде во центар на вниманието стрелецот на голот Фазли се погрижи во 77-та минута кога заработи втор жолт односно црвен картон, репрезентативците на Фарски Острови не ја искористија бројчаната предност и избраниците на селекторот Бобан Бабунски го освоија четвртиот бод во циклусот.
Наредниот меч “надежите“ го играат на 15 овој месец против Данска на домашен терен.
Мх.П.
© Ohridnews.com. All rights reserved.
The content of this article, should not be printed, copied or published in any way, without permission by Ohridnews.com