Без голови и без победник заврши дуелот во Драч помеѓу младите селекции на Македонија и Албанија.


Натпреварот со западниот сосед е последен за избраниците на Бобан Бабунски пред почетокот на квалификациите за Европското првенство во Чешка 2015 година.


Надежите во групата се наоѓаат со Израел, Португалија, Норвешка и Азербеџан. Фудбалерите до 21 година квалификациите ги започнуваат на 22 март против скандинавската селекција Норвешка.

Мх.П.