Македонската фудбалска репрезентација до 21 година забележа победа од 3:1 против соодветната селекција на Албанија во првиот натпревар од силниот меѓународен турнир што се одржува во Свети Мартин на Мура.
Избраниците на селекторот Драги Канатларовски одиграа одличен натпревар, особено во второто полувреме, предводени од двојниот стрелец Марио Илиевски.
Во 10. минута со голот на Берат Калкан, Македонија поведе со 1:0, а противникот успеа да се врати во игра и во 31. минута од средбата преку Шпенди го израмни резултатот.
Во продолжението, Марио Илиевски го врати водството за „црвено – жолтите“ во 47. минута, а истиот играч во 55. минута, со прекрасен гол од слободен удар ги постави конечните 3:1.
Репрезентацијата на Македонија до 21 година на 26. септември ќе го одигра вториот натпревар на турнирот против селекцијата на Саудиска Арабија.
OhridNews