Македонската фудбалска репрезентација до 21 година со пораз ги започна мечевите на турнирот во Анталија, Турција. „Црвено жолтите“ изгубија од соодветната селекција на Казахстан со 1-2 (0-0).

Репрезентативците на Азербејџан предноста од 2-0 која им донесе победа ја обезбедија со головите во 56-та и 73-та минута. Македонија во последните 15-тина минути успеа да го ублажи поразот, намалувајќи на 2-1. Стрелец на голот беше Берат Калкан.

Пулените на Боби Милевски в сабота на 27 март ќе играат нов меч на турнирот во Турција. Протиник ќе им биде словачката селекција.

OhridNews
Фото: Архива