Репрезентацијата на Македонија до 21 година освои само бод во дуелот со Казахстан ремизирајќи 1-1 (1-0) на домашен терен во Скопје во рамките од квалификациите за ЕП за две години.
Избраниците на Благоја Милевски поведоа во првото полувреме и имаа целосна контрола на натпреварот, но едно мало невнимание во вториот дел гостите го казнија со погодок и се изборија за реми. Македонија остана без два планирани бодови и доби сериозна опомена за претстојните мечеви од квалификациите.
По три одиграни средби Македонија со седум бодови е првопласирана, додека Казахстан има ист број на бодови но послаба гол разлика.
OhridNews