Фудбалската репрезентација на Македонија до 21 година со убедлив триумф (7-1) на домашен терен против Фарски Острови ги започна квалификациите за Европското првенство 2021 година.
Натпреварот не започна најдобро за нашата селекција откако гостите со погодокот на Андреасен од белата точка во 19-та минута поведоа со 1-0. Работите на почеток, надежите, ги вратија во 26-та минута со голот на Митровски. Шест минути подоцна, Чурлинов погоди и донесе водство 2-1. До крајот на првиот дел Македонија со вториот погодок на Митровски поведе со 3-1.
Офанзивната игра на Македонија продолжи и во вторите 45 минути. Дачи и Личина во 59-та и 62-та минута стрелаа за 4-1 односно 5-1 а печат на победата ставија Чурлинов и Митровски со по уште еден погодок во противничката мрежа.
Во втората рунда, Македонија, силите ќе ги одмери со Црна Гора веројатно во Подгорица.
OhridNews