Фудбалерите на Шпанија до 21 година го освоија целиот плен во Скопје совладувајќи ја македонската репрезентација со минимални 1-0 во петтата рунда од квалификациите за Европското првенство.

Големиот фаворит, Шпанија од пенал во 82. минута дојде до водство, Димитар Митровски во 88. минута не искористи најстрога казна за нашата репрезентација.

Нашите надежи одиграа одличен натпревар и беа на прагот да освојат бод против европскиот првак и лидер во групата. Шпанија сега е сигурен лидер со 16 бода, пред Израел со 8 и Македонија со 7 бода.

Македонија Јанков, Антовски, Тодоровски, Руфати, Серафимов, Фазлагиќ (62. Ацковски), Гроздановски, Здравковски (85. Даци), Митровски, Чурлинов (85. Јованов), Ристовски (72. Тошевски).

Шпанија Мартинез, Пипа, Санмартин, Клементе, Миранда, Зубименди (90. Монкајола), Алења (55. Виљар), Пуџ, Мартин (70. Педри), Поцо (70. Антонин), Гомез (46. Дуро).

OhridNews