Македонската фудбалска репрезентација од 21 година забележа убедлива победа во Казахстан, совладувајќи ја истоимената репрезентација со 4-1, полувреме 2-0 во рамките од осмата рунда во квалификациите за пласман на Европското првенство.

Избраниците на селекторот Благоја Милевски од почетокот од крајот одиграа феноменален натпревар и заслужено се израдуваа на победа со која избија на второто место во групата.

Добрата игра во првиот дел македонските репрезентативци ја капитализираа со головите на Дарко Чурлинов и Јани Атанасов. На стартот од второто полувреме Чурлинов погоди уште еднаш, а четвриот погодок беше дело на Димитар Митревски. Помеѓу за домаќинот стрелаше Омиртаев.

Голот на Чурлинов за почетно водство
Атанасов зголеми на 2-0
Чурлинов прецизен за 3-0
Митревски за конечни 4-1

Со четири победи, едно реми и два порази, Македонија се наоѓа на втората позиција, додека лидер во групата е Шпанија која има 16 бодови.

OhridNews