Македонската фудбалска репрезентација до 21 година прокнижи нови три бодови во квалификациите за Европското првенство совладувајќи ја селекцијата на Северна Ирска со 2-1.


Човек на одлука беше охриѓанецот Кире Маркоски кој победничкиот погодок го постигна во 83-та минута од натпреварот.

Претходно, репрезентативците на Северна Ирска поведоа со 1-0 во 43-та минута, а на стартот од вториот дел „црвено црните“ преку Барди го изедначија резултатот.

Македонија по три рунди во групата има шест бодови и се наоѓа на втората позиција во групата.

Ohridnews