Македонските фудбалски надежи ремизираа (2-2) со своите врсници од Франција во квалификациите за Европското првенство 2017 година.


Избраниците на селекторот Благој Милевски можат да жалат што не успеаја да ја совладаат француската селекција откако испуштија капитална предност (2-0).

„Црвено жолтите“ поведоа со голот на Ангелов во 19-та минута, а Радески во 40-та го дуплираше водството.

Французите и со фудбалер помалку со два погодоци во вториот дел успеаја да се извлечат од пораз и да освојат голем бод во Скопје.

Македонија со освоениот бод остана на третата позиција со седум бодови, а Франција со 10 бодови и меч повеќе е на второто место на табелата.

Фото : Екипа.мк
Мх.П.