Фудбалерот на Работнички, Кире Марковски беше стрелец на еден погодок во победата 3-1 на селекцијата на Македонија до 20 година против врсниците од Бугарија.
Охриѓанецот го постигна вториот погодок за водство 2-0, претходно мрежата на бугарите ја погоди Асани, а по трет пат ја затресе Костовски. Почесниот погодок за домаќините беше дело на Вутов.
Со погодокот за селекцијата до 20 години Маркоски ја продолжи серијата одлични игри кои започнаа во дресот на Работнички.
Мх.П.