Македонската машка кошаркарска репрезентација до 20 години заврши осмопласирана на Европското првенство во Б-дивизијата, откако попладнево во Тбилиси во натпреварот од разигрувањето за седмото место загуби од Бугарија со 64-69.
По изедначената прва четвртина (21-21), бугарските кошаркари го презедоа водството и влегоа во последната четвртина со предност од 60-51.
Македонските кошаркари во финишот се доближија на минус три поени негатива (64-67), но немаа сили за резултатски пресврт.
Избраниците на селекторот Никола Василев на Европското првенство во Б-дивизијата во Грузија остварија ефеÐ �т од три победи и четири порази и настапот го завршија на осмото место. ег/вг/