Ирската рок група „U2“ планира да издаде албум уште оваа година, нјавил за списанието Ролинг Стоун портпаролот на славниот бенд. Тој децидно ги отфрлил информациите дека издавање на новиот албум е одложено за следната 2015 година.
Последниот албум на „U2“ “No Line on the Horizon” датира уште од 2009 година. На новиот албум ќе се најде и синглот “Invisible” кој бил изведен во февруари на 48-от Супербол, финалиот натпревар во професионалната лига на американски фудбал (NFL).