Ирскиот состав U2 најмногу заработил од турнеја изминатава година. Според списанието Билборд, серијата од 44 овогодинешни настапи во рамките на светската турнеја „360“, која била посетена од близу три милиони луѓе, му овозможила на бендот да инкасира 293 милиони долари. Започната во Барселона во јуни 2009 година, турнејата славниот бенд оваа година го одвела низ САД. Првиот во 2010 година, Џон Бон Џови оваа година се нашол на второто место со заработка од 192 милиони долари. Бендот одржал 68 концерти кои привлекле повеќе од 1,8 милиони лица. На третото место се нашла британската група “Take that”, која со 29 настапи остварила заработка од 183 милиони долари.

Поранешниот член на Пинк Флојд Роџер Вотерс и младата кантри пејачка Тејлор Свифт го зазеле четвртото и петтото место на листата изведували со најголема заработка од турнеја во 2011. Во топ десет се нашле уште и кантри музичарот Кени Чесни, Ашер, Лејди Гага, холандскиот виолинист Андре Риеу и Шаде. Билборд листата ја составил на основа на турнеите одржани помеѓу 1 ноември 2010 и 8 ноември 2011 година.