Ирската рок група „U2“ ќе настапат на овогодинешното доделување на Оскарите со својата песна “Ordinary Love”, која е номинирана за престижна награда на Американската филмска академија, соопштиле организаторите. станува збор за композиција напишана за филмот „Мандела: Долг пат до слободата“, за животот на неодамна починатиот јужноафрикански лидер и борец против апартхејдот. Нумерата, која веќе е наградена со Златен глобус за најдобра оригинална песна на филм, важи за фаворит. Главен конкурент и е песната “Let It Go” од анимираниот филм на Дизни “Леденото кралство“.
Уште две песни се во трка за златната статуетка, “Happy” на Фарел Вилијамс од уште еден цртан филм „Грозниот јас“ и “The Moon Song” од филмот „Таа“. Петтата номинирана песна “Alone Not Yet Alone” е дисквалификувана од натпреварувањето бидејќи нејзиниот автор, Брус Бротон, ги прекршил правилата така што на членовите на Академијата им испраќа пораки како би го свртел вниманието кон својата композиција. „U2“ веќе биле номинирани за Оскар со песната “The Hands That Built America” од филмот „Бандите на Њујорк“.