Групата “U2” и Бон Џови се наоѓаат на врвот на листата најдобро платени музичари која ја составило списанието Форбс. Ирските рокери се нашле на првото место, со заработка од 195 милиони долари во последнава година, пред се благодарение на рекордната турнеја „360“, која по заработката е најуспешна во историјата на музиката. Проценето е дека вкупниот приход на турнејата по нејзиното завршување во јули ќе изнесува 700 милиони долари.
Бон Џови се нашол на второто место со 125 милиони долари, а Елтон Џон на третото со 100 милиони. Четврта е Лејди гага со 90, а петти Мајкл Бабл со 70 милиони долари. Останатите места редоследно ги зазеле Пол Мекартни, потоа бендот „Блек Ајд Пис“, „Иглс“, Џастин Бибер и така натака.