Легендарната група „U2“ ќе започне нова светск турнеја во мај следната година со концерт во Ванкувер. Како што пренесуваат агенциите, трунејата “Innocence + Experience” ќе ги однесе ирските рокери во 19 градови во кои, за разлика од досегашните големи концерти на отворено, ќе настапуваат во затворени сали. Промотерот „ Live Nation “ најавил дека картите ќе бидат пуштени во продажба следниот понеделник. Бендот во летниот период ќе настапува во Северна Америка, а од септември турнејата ќе продолжи во Европа.

 

Членовите на бендот се надеваат дека нивниот пејач Боно до мај ќе закрепне од повредата која ја здобил минатиот месец кога паднал од велосипед во Њујорк. Групата неодамна одржала концерт на њујоршкиот Тајмс сквер, а наместо Боно пееле Брус Спрингстин и Крис Мартин. Ирските рокери ќе настапат два пати во секој град, освен во Њујорк, Лос Анџелес и Лондон каде ќе одржат по четири концерти.