Познатата група “U2” ќе донира околу седум милиони долари на училиштата во Ирска со цел што поквалитетно музичко образование за децата. Ирските рокери оваа донаторска акција планираат да ја остварат во 2015 година, а поголемиот дел од парите ќе биде потрошен за набавка на музичка опрема и плати за наставниците по музичко образование.
Исто така три милиони долари ќе донираат во “Ireland Funds”, интернационален хуманитарен фонд, кој финансиски ги поддржува луѓето со ирско потекло од целиот свет. Инаку, групата “U2” во претходната година заработила 195 милиони долари, пред се благодарение на исклучително успешната турнеја “360”.