Ирската рок група “U2” ја завршила во саботата турнејата „360“ со настапот во канадскиот град Монктон. Серијата концерти влегла во историјата како најголема турнеја ја сите времиња по заработката од преку 736 милиони долари. Турнејата се истакнала и по иновативниот дизајн на бината, во облик на полн круг, што на гледачите им овозможува поглед на сцената од сите страни.


Последниот концерт бил 110 по ред во рамките на турнејата „360“ на која присуствувале повеќе од 7,2 милиони луѓе. Претходниот рекорд по заработка на турнеја му припаѓал на составот “Rolling Stones”. Нивната серија концерти “Bigger Bang” која траела од 2005 до 2007 година имала заработка од 558 милиони долари. Групата “U2” тој рекорд го соборила на 10 април со концертот во Сао Паоло во Бразил.