Македонската фудбалска репрезентација до 19 години во рамките на подготовките за квалификацискиот турнир за следното ЕП од 05.08.2012 до 10.08.2012 У-19 репрезентацијата ќе гостува во Чешка каде ќе одигра две меѓународни пријателски средби против соодветната репрезентација на оваа земја.
Натпреварите ќе се одиграат во Брецлав, Чешка, каде репрезентацијата заминува во недела навечер. Првиот натпревар се игра на 07.08.2012 со почеток во 17,00 часот додека вториот е на програмата два дена подоцна, на 09.08.2012 исто така со почеток во 17,00 часот.
Селекторот Менсур Јакупи изрази задоволство што по подолг период ќе бидеме комплетни затоа што сите досега повикани играчи се ставија на располагање со исклучок на Виктор Талевски кој не доби дозвола од својот тим Ајнтрахт Франкфурт поради првенствени настапи.
„Се надеваме на позитивен исход од овие натпревари, но пред се на една успешна проверка на формата во која се наоѓаат репрезентативците во овој период како и моменталното ниво на игра за што ќе имаме одлична можност со оглед на навистина силниот противник кој го имаме за овој двомеч. Тоа ќе ни биде од големо значење затоа што се работи за претпоследна проверка на репрезентацијата со која веќе во средината на октомври не очекува претквалификацискиот турнир во Луксембург на кој сме во силна група заедно со репрезентациите на Германија, Р. Ирска и домаќинот Луксембург” – изјави селекторот Јакупи.
За натпреварите со Чешка селекторот досега ги повика следниве 16 играчи:
Шишковски Дамјан – ФК Работнички
Илиев Деан –
Муслиу Висар – ФК Гостивар
Зајков Ѓоко – ФК Работнички
Мустафов Бурхан – ФК Пелистер
Денковски Христијан – ФК Работнички
Рамаданоски Асмир – ФК Холштајн Кил
Николов Бобан – Академија Хаџи
Велковски Дарко – ФК Работнички
Абдулаи Мелвин – ФК Штутгарт
Каримани Бесарт – ФК Шкендија
Алими Исник – ФК Новиград
Скендери Лавдрим – ФК Ренова
Велковски Христијан – ФК Винтертур
Ангелов Виктор –ФК Работнички
Бејтулаи Егзон – ФК Тетекс
© Ohridnews.com. All rights reserved.
The content of this article, should not be printed, copied or published in any way, without permission by Ohridnews.com