Македонската фудбалска репрезентација за фудбалери под 19 години, попладнево во Струга ќе го одигра вториот контролен меч со соодветната репрезентација на Полска.


Селекторот Драган Бочески беше задоволен по првиот меч кој заврши без голови 0-0.  –    Тест средбата со Полска беше одлична проверка за нашите можности и квалитети. Се до моменетот кога бевме играчки рамноправни на теренот бевме подобар противник. По исклучувањето на Најдоски, се ориентиравме на дефанзивите задачи и успеавме да се одбраните –  рече  селекторот Бочески кој најави изменет состав во вториот меч, одмарајќи ги фудбалерите кои во петок ги играат првенствените натпревари за своите клубови.


Напаѓачот Марко Симоновски очекува на вториот меч со полјаците да ја затресе мрежата и да обезбедиме уште еден позитивен резултат. – Извлековме 0-0 што за нас во секој случај преставува позитивен резултат. Одлично го отворивме мечот  , во кој имавме неколку одлични шанси кои не ги искористивме. Очекувам добра престава и позитивен резултат и во втората контрола – истакна напаѓачот Симоновски.

Мх.П.