– Се наоѓаме во доста силна група каде не очкуваат три тешки натпревари, но и покрај реномето на нашите противници, ние сме оптимисит дека можемем од Луксмебург да се вратиме со позитивен резултат, да изненадиме и од таа силна група и да освоиме едно од првите две места. – вели селекторот Јакупи, кој во Струга ги имаше последните подготовки во пресрет на мечевите.
Тој за овој циклус неможе да смета на Давид Бабунски кој поради обврски во Барселона, не можеше да им помогне на своите соигррачи.
– Покрај Бабунски, поради повреда повреди недостигаат голманот на Работнички Шишковски, Абдулаи од Штудгарт, како и напаѓачот на Ренова, Скендери. Ние имаме, подготовени 18 играчи, од кои носители се Илиев од Арсенал, од Франфукрт, Велковски и Ангелов од Работнички какои и Алими од Кјево –рече Јакупи кој потенцираше дека потребна многу поголема работа во клубовите со младите категории за да може репрезентацијата да црпи млади таленти.
Македонската единица, Илиев кој неодамна потпиша три годишен договор со Арсенал, позитивно размислува во пресрет на дуелите со противниците од петтата група.
– Не очекуваат солидни мечеви, силно сме мотивирина и може да извлечеме позитивен резултат од овој циклус. Ќе дадеме се од себе да го обелиме нашиот образ – истакна Илиев.
Фудбалерот на Ајнтрахт Франкфурт, Виктор кој е роден во Германија е дополнително мотивиран со пресрет на првиот меч против “својата“ репрезентација.
– Не секој ден имаш ваква можност да настапуваш против Германија, и тоа земјата во која сум роден. Но јас го носам дресот со македонскиот грб и ќе направам се да победиме. Ќе биде доста тешко тие се фаворите, но тоа не значи дека однапред ќе се предадаме.Лично не познавм никој од оваа селекција во која нема фудбалери од Ајнтрахт, кај сите нас има голем мотив за игра. -посочи дефанзивецот Талевски.
Капитенот на селекцијата, фудбалерот на Работнички Виктор Ангелов, смета дека големо искуство се стекнува на ваквите мечеви, иако е доста напорно да се одиграат три меча во една недела.
– Не очекуваат три тешки натпревари играме со светска велесила како Германија,, потоа селекцијата на Ирска, како и нашиот стар должни селекцијата на Луксембург кој еднаш не порази со 3-0. Ние ќе дадеме се од себе, ќе играме од срце за Македонија – порача Ангелов.
Македонија квалфикациите ги започнува на 11 октомври против Германија, два дена подоцна игра против Ирска, додека последниот меч е против домаќинот Луксембург.