Македонската фудбалска репрезентација за фудбалери под 19 години, под водство на селекторот Менсур Јакупи во Струга на теренот на ФК Караорман ќе ги обави последните подготовки пред заминувањето на квалификациите за Европскиот шампионат.


Во Струга ќе се собереме на мини подготовки пред заминувањето во Луксембруг на квалификациите. Ќе тренираме неколку дена, целта е повеќе време да бидеме заедно и да ја подигнеме атмосферата во селекцијата. Репрезентацијата во среда ќе отпатува за Луксембург– вели селекторот Јакупи.

Македонија е во групата со Германија, Р.Ирска и домаќинот Луксембург.

Распоред на натпреварите:
11 Октомври
Германија – Македонија
Ирска – Луксембург

13 Октомври
Германија – Луксембург
Македонија – Ирска

16 октомври
Ирска – Германија
Луксембург – Македонија.