Македонската репрезентација до 19 години со триумф над Казакстан од 2-1 ги заврши пред квалификациите за ЕП во Швајцарија. “Црвено жолтите“ со една победа во три натпревари го освоија третото место и не успеаа да изборат пласман во квалификациите.
Гостите поведоа во 53-та минута преку Јаскаков, фудбалерот на охридскиот прволигаш Исник Алими го изедначи резултатот во 59-та минута додека победничкиот погодок за “црвено жолтите“ беше дело на Доријан Бабунски.
Во вториот меч Швајцарија и Украина ги поделија бодовите играјќи 1-1.
Мх.П.
© Ohridnews.com. All rights reserved.
The content of this article, should not be printed, copied or published in any way, without permission by Ohridnews.com