Фудбалерите на Охрид, Симон и Славе Маркоски се дел од репрезентативниот список за играчи до 18 години кој селекторот Шкумбин Арслани го објави за мечевите со Босна и Херцеговина. Селекторот изминатиов период беше во Охрид и ги скенираше браќата близнаци на тест натпреварите со Кораб и Гостивар.

Симон Маркоски(6) во акција на дуелот со Гостивар.

Симон и Славе кои учат во ДСУ Спортската Академија во Охрид и останатите репрезентативци на 18 и 20 февруари во Скопје ќе одиграат два тест натпревари со соодветната селекцијата на Босна и Херцеговина.

  • На овој двомеч очекувам добра игра и победа на двата натпревари. Од овие натпревари па натака почнуваме со воигрување на тимот кој главно треба да го понесе товарот на квалификациите во октомври, кој ќе се одиграат во Чешка. Секој од репрезентативците ќе добие своја шанса која треба да ја искористи. На овој собир нема да може да сметам на повеќе играчи, дел поради повреди, дел поради клубски обврски ќе го пропуштат овој двомеч. Но се надевам дека за следните предизвици ќе бидеме комплетни при што ќе можеме да се воиграме подобро и спремни да ги дочекаме предизвиците кои не очекуваат во текот на оваа година. – изјави селекторот.
Славе Маркоски(15) во успешна дефанзивна мисија.

Репрезентативниот повик за Симон и Славе е награда за досегашниот труд, но и голема обврска за понатаму во дресот на охридскиот фудбалски клуб.

OhridNews