Македонската јуниорска фудбалска репрезентација од 23 до 30. март ќе учествува на силен меѓународен турнир во Португалија.

Селекцијата предводена од селекторот Неџат Шабани ќе одигра три натпревари против домаќинот Португалија, Словачка и Грузија.

На отворањето на турнирот македонската репрезентација до 18 години ќе игра против Словачка на 25. март, по што следуваат дуелите против. Португалија (27. март) и два дена подоцна против Грузија.

Селекторот Шабани за претстојниот меѓународен турнир повика 23 фудбалери:

ГОЛМАНИ: Васко Василев, Наум Ангелов, Стефан Тасев;

ОДБРАНА: Даниел Марковски, Борјан Попоски, Енис Буќи, Максим Милошевски, Никола Павлески, Стефан Младеновски, Марио Ричков, Суфијан Чајани;

СРЕДЕН РЕД: Мартин Ѓоргиевски, Матеј Ангелов, Арбнор Мурати, Леонид Тасов, Матео Софијановски, Џезаир Авдули, Игор Јаневски;

НАПАД: Дашмир Елези, Бесар Гуџуфи, Михаил Талевски, Ерион Шуку, Димитар Трајков.

OhridNews