Македонската фудбалска репрезентација до 18 години со 2-0 ја совлада селекцијата на Азербејџан во контролниот натпревар, кој се одигра во Скопје.


Победата за „црвено жолтите“ ја запечати охриѓанецот Валентин Кочоски, кој го дуплираше водството на македонската селекција.

Претходно мрежата на противниците во првата минута ја погоди Петар Петковски и одлично го отвори мечот за надежите.

Победата можеше да биде поубедлива ако репрезентативците реализираа уште некоја шанса од неколкуте стопроцетни.

Мх.П.