Женската фудбалска репрезентација на Македонија за фудбалерки под 17 години стартуваше со победа  на развојниот турнир кој под покровителство на УЕФА, се одржува во Турново и Струмица.


Првиот меч кој се одигра во Струмица против Црна Гора во регуларниот дел заврши без победник 1-1. Но среќата им се насмевна на македонките кои во пенал рулетот триумфираа со 4-3. 
Во втората средба селекцијата на Босна и Херцеговина ја совладаа репрезентацијата на Бугарија со 3-1 и ги прокнижи првите бодови во групата.

Во втората рунда Македонија ќе се сретне со Босна и Херцеговина додека во преостанатиот меч ќе играат поразените во првата рунда Црна Гора и Бугарија.

Мх.П.