Македонската репрезентација за фудбалери под 17 години  ја совлада селекцијата на Црна Гора со 2-1 на пријателската средба одиграна во Струга.

Македонија до триумфот стигна со погодоците на Сулејманов во 5 и 53 минута. Почесниот гол за гостите беше дело на Вукчевиќ.

На 30-ти август во Струга се игра и вториот контролен дуел Македонија – Црна Гора со почеток во 16ч.

ohridnews