Пензионерите не мора да доставуваат годишна даночна пријава до 2024 година. УЈП соопшти дека до тогаш се одложува обврската за пензионерите да вршат интернет регистрација за персонален данок, доколку нивните приходи се само од фондот за пензиско и инвалидско осигурување.

Заклучно со денеска 300 илјади граѓани извршиле пријава за данок преку е-регистрацијата, информираше директорката на УЈП Сања Лукаревска. Рокот за пријавување истекува до крајот на годината, до кога се очекува да се регистрираат 900 илјади граѓани.