Охридскиот фудбалски клуб го доведе второто засилување во своите редови во зимскиот преоден рок откако договори соработка со Ујкан Муча. 19-годишниот фудбалер во тимот на Охрид ќе се пресели Кораб. Првото засилување за охриѓани беше ангажманот на голманот Раиф Мирселоски.
- После искусен голман се одлучивме екипата да ја засилиме со млад и пред се квалитетен фудбалер. Ујкан Муча иако млад има второлигашки натпревари во своите нозе и сигурен сум дека ќе ни биде од голема помош за втората полусезона. – изјави спортскиот директор Александар Мартиноски.
Муча кариерата ја почнал во Кораб, а како кадет се преселил во охридскиот огранок од Академија Пандев каде поминал две и пол години. 19-годишниот Муча бил дел од младинската екипа на Шкендија и тренинг кампот на швајцарски Цирих. Есенската полусезона во дресот на Кораб постигнал два погодоци, а минатата ја заврши со вкупно девет голови.
Првата етапа во Втората лига, Охрид ја заврши на претпоследната позиција и во пролетната полусезона го очекува тешка но не и невозможна мисија во битката за опстанок.
OhridNews