Екипата на Ливерпул има одличен почеток на сезоната, но наеднаш се соочува со проблеми кои најверојатно ќе треба судот да ги реши. „Црвените“ од Енфилд на суд ќе завршат заедно со моменталниот спонзор за спортска опрема Њу Баланс и Најк.

Тековната сезона е последна од важечкиот договор на Њу Баланс со Ливерпул. Предност во преговорите за нов спонзор (ќе) има Њу Баланс, но Ливерпул веќе активно преговара со Најк, кој понудил 75 милиони евра по сезона и договорот на 10 години. Ливерпул, во случај Њу Баланс да ја израмни понудата од Најк ќе мора да прифати и уште неколку сезони да остане со истиот спонзор на спортската опрема.

  • Како долгогодишен и посветен спонзор имаме желба да ја продолжиме соработката со Ливерпул. Во активниот договор имаме клаузула која нам ни дава можност да ја изедначиме понудата која ќе прифати Ливерпул од Најк. Во процесот на преговорите Ливерпул прекрши некои работи во договорот и ќе побараме судот да ја разјасни ситуацијата. И ние и клубот сакаме судскиот спор што побрзо да заврши и да најдеме заеднички јазик за нова соработка. – стои во соопштението од Њу Баланс.

„Црвените“, вниманието на големиот пазар го свртија со освојувањето на титулата во Лигата на Шампиони и општо со резултати кои ги бележи клубот последниве години.

OhridNews