Наместо “А“ репрезентацијата на Македонија , во Јемен ќе замине младинската У-21 репрезентација. Ова го потврди селекторот Мирсад Јонуз кој во Охрид го следеше пријателскиот меч помеѓу У-19 селекциите на Македонија и Ирска.
– Договорено беше да патува “А“ тимот но од објективни причини бевме спречени, тие бараа на 15 – ти да одлета репрезентацијата во Јемен, но во тој период ние не можевме да ги обезбедиме сите репрезентативци кои имат обврски кон своите клубови. Ова не е термин од ФИФА и УЕФА, па затоа направивме компромис да патува младата селекција, што пак преставува одлична можност младите играчи да се стекнат со поголемо искуство и да осознаат други стилови на игра – истакна селекторот на А тимот .
Според најавите селектрот беше на пат да одбере тим составен од “домашни“ играчи и фудбалери со кои тој работеше во младата селекција, а кои сега поради возраста неможат да играат за у-21 тимот. За најсилната македонска репрезентација престојат два пријателски натпревари во Австрија со кои ќе започне да се гради физионимијата на тимот за мисијата ЕП 2012.
– Очекувам, голем дел од фудбалерите конечно да ги средат документите со своите клубови и да играат стандардно и во иднина да не ни се случува тоа што ни се случуваше. Изминативе шест месеци беше вистинската штета неколку играчи беа слободни, но поради клупската политика “ако не потпишеш нов договор нема да играш“ повеќе ја грееа клупата или пак мечевите ги следеа од трибини. – потенцираше Јонуз
За двомечот во Австрија со Азербејџан и Романија , Јонуз на располагање ќе ги има сите играчи освен Стојков кој има ситна повреда и Наумоски кој има поверда на коленото. Се очекува да се засили конкренцијата во средниот ред и тоа со интернационалците Ѓуровски и Сулејмани кои се на прагот да добијат македонско државјанство. Во Австрија Јонуз ќе ги понесе и напаѓачите Тричковски и Ристиќ кој не добија шанса во минатите натпрвари.
М.Постоловски
© Ohridnews.com. All rights reserved.
The content of this article, should not be printed, copied or published in any way, without permission by Ohridnews.com