Теренот за игра беше далеку од добар, но тоа не е никакво оправдување за поразот, кој може да се окарактеризира како дебакл.
Босанците со головите на Золотиќ и Мешановиќ веќе по првиот дел имаа предност од 2-0. Голеадата кон голот на Македонија во вториот дел ја продолжија Куниќ, Чајиќ и Граховац за конечни 5-0.
Од 66-та минута селекцијата на Македонија остана со фудбалер помалку откако директен црвен картон заработи дефанзивецот Мите Цикарски.