Селекторот на македонските фудбалски надежи до 19 години, Драган Бочевски објави список со 20 играчи за контролните средби со нивните врсници од Грција на 11 и 13 јануари во Касторија. Овие тестови се во рамките на подготовките за настап во елитната квалификациска рунда за ЕП 2011, што во мај ќе се одржи во Турција. Македонија освен со домаќинот силите ќе ги одмери уште со Германија и Унгарија.


На собирот закажан за 8 јануари во х. Инекс Горица во Охрид, на Бочевски треба да му се јават: Ефремов, Димитриевски (голмани), Ѓорѓиоски, Иванов, Драгарски, Алексовски (одбрана), Алиоски, Најдоски, Ашковски, Мицевски, Блажевски, Ристевски, Никовски, Нуриши (среден ред), Тимов, Мерко, Крлески, Симоновски, Буфи и Јакупов (напад).

Репрезентативците за Грција заминуваат на 10 јануари.

Ohridnews