Фудбалската репрезентација на Македонија до 17 години одигра 2:2 против Шкотска во Глазгов во квалификациите за Европско првенство.
Македонија водеше 0:1, и беше поништен гол, а домаќинот постигна сомнителен гол во мечот кој заврши без победник.
Шкотска не дозволи македонската репрезентација да го одигра натпреварот во темни дресови и опрема во знак на почит кон жртвите од големата трагедија во Кочани, информира Фудбалската федерација на Македонија.
Г.М.
Фото: ФФМ