Македонската фудбалска репрезентација за играчи до 17 години го доживеа и третиот пораз во третиот натпревар и се пласираше на последното место на квалификацискиот турнир кој се игра во Струмица и Турново.


Избраниците на Гоце Петрески попладнево беа поразени со 5-2 соодветната репрезентација на Финска.

По победата над Германија со 2-1 првото место во 5.група и припадна на селекцијата на Турција.